Вечерашниот меч со Исланд на негов терен во Рејкјавик, веројатно ќе ја одреди нашата судбина во Ј квалификациската група за пласман на СП во Катар 2022. Јасно е дека не е решавачки, но ќе биде голем показател како ќе се движат работите во петте кола до крајот. Македонија во пресрет на 5.коло кое вечерва се игра, има седум бодови и е на третата позиција на табелата, пред нас се Ерменија и Германија.
Во случај на пораз, тогаш се чини дека до крајот ќе биде невозможно да стигнеме дури и до втората позиција, онаа која носи во баражот, за првото место да не говориме. Добро знаеме дека за три дена ја очекуваме Романија која има бод помалку од нас, но вечерва игра со Лихтенштајн. Со пораз ние ќе го доближиме до себе и самиот Исланд.
Затоа овој меч е многу, многу важен за нас. Играме со ривал кој е квалитетен, знае да одигра на резултат и за нас е многу специфичен кога се игра на негов терен. Ние немаме победа во Рејкјавик, но секогаш треба да се оптимист, посебно кога играа оваа генерација на играчи.
Македонија може, Македонија сака, Македонија посакува да го продолжи сонот наречен – СП во Катар 2022 година.
Е, па, кога е така, тогаш Македонијо покажи што знаеш. Време е, време е за победа. Имено немаме триумф на последните четири натпревари.
Ни треба оваа победа и ни требаат овие три бода.