Неверојатно: ПСЖ досега на Нејмар потрошил половина милијарда евра!

323

Шпанскиот „Ел Мундо“, еден од водечките спортски медиуми во светот, објави колку вкупно досега ПСЖ потрошил на Нејмар. Од 2017 кога за отштета плати 222 милиони евра, што уште е светски рекорд, па до сега. Да потсетиме дека Бразилецот во ПСЖ дојде од Барса.

Вкупната сума за овие четири години е неверојатни половина милијарда евра.

Покрај тие 222 милиони евра, ПСЖ му дава на Нејмар секоја година по 43,334.400 евра. Ако остане во Париз и шестата сезона, тогаш како бонус ќе добие плус 50,556.117 евра.

Тоа е вкупно близу 490 милиони евра.

ПретходноНадежите на Цапар вредно тренираат во Охрид! (ФОТО)
СледноПријателска во Струмица: Градското дерби без голови!