ПОЛУВРЕМЕ: Македонија добро игра и води 1:0, Исланд не го виде голот (ВИДЕО)

199

Македонскиот национален тим игра добро, има иницијатива и ја држи топката во дуелот со Исланд на гостински терен. Имаше четири шанси Македонија, од кои една беше реализирана.

Најпрво Муслиу се обиде, но беше изблокиран во последен миг, а од тој корнер Македонија поведе. Алиоски нафрли на првиот дирек, Велковски со глава и топката е во мрежата на Исланд.

Алиоски во 27. минута се обиде со добар удар, но Рунарсон одбрани, а голманот на Исланд ја одбрани и шансата на Костадинов кој шутираше право во него. Во последен миг беше изблокиран и Барди во последната минута од полувремето и Исланд се спаси од поголема негатива.

Исланд освен еден корнер, немаше ниту една прилика, односно голот не го видоа домашните, па Димитриевски остана без работа.

 

 

ПретходноСиноќа во Белградската арена беше урнат светскиот рекорд!
СледноМакедонија блиску до победа во Исланд: Алиоски за 0:2 (ВИДЕО)