Доцна попладнево и гостуваме на селекцијата на Исланд. Ова ќе биде трето наше гостување во Рејкјавик, трето на стадионот “Лаугардалсвелур“. Да се потсетиме на оној меч пред 25 години, кога на 1 јуни 1996 година Неџмедин Мемеди постигна фантастичен, прекрасен гол и од повеќе од 25 метри за наше водство. Прво Гошев и Милошевски од слободниот удар проиграа, за да Мемеди “распали“ по топката која речиси ја “скина“ мрежата на “рибарите“. На крајот овој натпревар заврши со конечен резултат 1:1.