Да водиш со 2:0 до 78.минута. Да си подобар за две класи од противникот, и на крајот да прокоцкаш се она што си го градел дотогаш, е тоа навистина е чисто САМОУБИСТВО.
Штета, уште еднаш штета. Место голем триумф, сега мораме да се задоволиме само со бод. Никаков бод.
Ако до таа 78.минута сите наши момци, заедно со стручниот штаб, заслужуваат највисока оценка, тогаш сите заедно за последните 19 минути, колку што се играше до крајот во Рејкјавик, заслужуваат секаква критика.
Дали е ова можно? Да, кога е во прашање нашата репрезентација.
Некаде околу 75 минута како да претчуствувавме дека вакво нешто ќе се случи, дека финишот ќе биде лош за нас, но никој не помислуваше дека на крајот ќе биде 2:2.
Едноставно се задоволивме со 2:0, мисливме дека се е готово. Почнаа замените да доаѓаат, Барди кој беше “командант“ на нашата игра беше повлечен да одмори, и се случи тоа што се случи. Сами си ја предизвикувавме судбината.
И затоа можеби во 96.минута кога имавме две супер шанси, едноставно не не посака да победиме.
Искрено, по се она што го видовме, и не заслуживме да победиме вечерва во Рејкјавик.
Па, кој сака нека каже.
Уште еднаш на крајот…
Македонија вечерва на Исланд си изврши фудбалско САМОУБИСТВО.
Сега со ова реми далеку, предалеку е Катар 2022.
Тој за нас е невозможна мисија.