Досегашниот член на белгискиот тим Остенде и играчот со статус на репрезентативец на Албанија, 17.годишниот Синдрит Гури е претставен како нов напаѓач на актуелниот бранител на титулата во македонскиот шампионат, тимот на Шкендија.
Во потрагата по засилувања, откако си заминаа Арменд Алими и Бесарт Ибраими, Шкендија се одлучи за Гури кој има сериозно искуство пред се интернационално и ќе треба да ја пополни дупката која што се создаде со заминувањето на двајцата многу важни играчи за Шкендија.
„Кога дознав дека можам да дојдам во Шкендија, веднаш имав желба што поскоро да дојдам во Тетово и да потпишам. Многу сум среќен што по три години се враќам во албански тим, но уште посреќен што се приклучувам на тим како Шкендија, со сета нивна армија црвено -црни навивачи. Мислам дека ова е многу вистински момент во мојата кариера да дојдам во клуб кој игра напаѓачки фудбал. Се чувствувам многу добро што сум тука, бидејќи знам дека Шкендија е актуелен шампион на Северна Македонија и има амбиции повторно да биде прогласен за шампион оваа година“ – изјави Гури.