Селекторот на репрезентацијата на Србиија, Драган Стојковиќ Пикси беше презадоволен од вчерашната изведба на Аленсандар Митровиќ и неговите два гола во победата над Луксембург на домашен терен од 4:1, во рамките од Мундијалските квалификации.
Тој го спореди во моментов број еден напаѓачот на Србија, со некогашниот ас Дарко Панчев со кого играше во деновите минати во Црвена Звезда но и во репрезенацијата на некогашна Југославија.
„Митровиќ е копија на Дарко Пандев.Дава голови во ситуација кога не се очекува тоа да го направи. Има огромно чувство за гол, исто како Панчев. Очигледно му одговарам како селектор, а веројатно би му одговарал и како играч. Кога би играле заедно би се изнадавал голови“ – рече селекторот на Србија по мечот со Луксембург.