По стартните порази од Финска и Холандија, македонската одбојкарска репрезентација денеска (13 ч.) против Турција ќе гхо одигра и третиот меч во групата „Ц“ на Европското првенство во Финска. Во „Хакаметса“ Арена во Тампере, избраниците на Душко Николиќ пред себе ја имаат селекцијата која изненади со своите два стартни настапи, особено победата над Русија во премиерното коло, а потоа потврдувајќи го квалитетот со победа и над селекцијата на Шпанија.
Турците ни се добро познат ривал, преку кој и успеавме по вторпат да се пласираме на ова ЕП. Онаа победа во квалификациите во Скопје против турскиот состав ни донесе второ учество на завршницата на континенталните собири. Забележливо е дека Турците сега имаат и посилен и покомпактен тим, па за разлика од нас кој денеска ќе бидеме сигурно без Васе Михаилов и Стојан Илиев кои се во изолација, а неизвесно е колку ќе може да помогне и повредениот Маџунков, сигурно се во многу подобра позиција пред денешниот меч.
Но нашите одбојкари никогаш не се предаваат, па така и денеска ќе ја бараат својата шанса за успех. Осатанува да ја очекуваме од нив најдобрата партија и да се надеваме на првата радост на ова ЕП.