УС Опен: Роџерс ја исфрли светската тенисерка број 1, Зверев пројде откако противникот се повреди

290

ФОТО: Twitter/US Open

Романската тенисерка Симона Халеп е елиминирана во осминафиналето на УС Опен од Елена Свитолина со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3). Настапите на УС Опен ги завршија уште првата светска тенисерка во моментов Ешли Барти која загуби од Шелби Роџерс со 2:1 во сетови. При 1:1 во третиот сет Роџерс успеа да победи во тај-брејкот.

Во аут е уште Русинката Грачева која загуби од сонародничката Пављученкова (2:0).

Во машкиот дел, Александар Зверев го помина Џон Сок откако противникот го предаде мечот. Сок поведе, а Зверев направи пресврт, а во третиот сет Американецот не можеше да продолжи и му подаде рака на противникот. Зверев отиде во четвртфиналето.

А таму се уште Опелка кој го победи Басилашвили и Харис кој беше подобар од Шаповалов.

ПретходноСтручен коментар – Горазд Михаилов: По киксот на Столе работите тргнаа наопаку!
СледноЛУДО ВО БРАЗИЛ: Здравствените работници ги бркаат Аргентинците поради прекршување на ковид-мерките