10% од жителите на Фарските острови вчера беа на стадион (ВИДЕО)

452

Малку несреќно, Фарските Острови вчера на средбата со Данска во квалификациите за СП 2022 во групата „Ф“ останаа без успех, откако примија гол во завршницата на мечот. Домашните имаа голема поддршка од трибините, затоа што стадионот во градот Торшавн беше исполнет до последното место со околу 5000 гледачи.

Она што е исто така интересно е дека тие 5000 гледачи на трибините всушност беа дури 10% од вкупниот број на жители на Фарските Острови. Ова во минатото ретко се случуваше, но откако и нивната репрезентација ја крена формата, жителите на Фарските острови (околу 49.000) редовно се во „битка“ да добијат билет за меч на својата репрезентација.

ПретходноМилевски ги поведе репрезентативците на прошетка пред денешната пресметка со Исланд (ВИДЕО)
СледноВелс остана без 13 фудбалери за денешното гостување во Белорусија