Ако потпише нов договор: Салах ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Ливерпул

267

Ливерпул ги продолжува преговорите со Мохамед Салах за потпишување нов договор. Продолжувањето на договорот со египетскиот напаѓач е прв приоритет за менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, и тоа тој неколку пати го потенцираше и во своите изјави.

Ливерпул е уверен дека преговорите за продолжување на договорот со Салах ќе бидат успешни. Страните можат да склучат нов договор до 2025 година. Претходно беше објавено дека Салах може да стане најплатениот играч во историјата на Ливерпул. Моментално Египќанецот заработува околу 233.000 евра неделно.

Сегашниот договор на 29-годишниот египетски напаѓач е заклучно со јуни 2023 година.

ПретходноВелс остана без 13 фудбалери за денешното гостување во Белорусија
СледноОдбојкарите поразени и од Турција на ЕП 2021: Меч за заборав