Играчите на некогашниот Бундеслигаш, а сега четвртолигаш Енерџи Котбус пријавиле во полиција, дека им е нудено да наместат натпревар односно да станат дел од обложувачката мафија.
Седум играчи на клубот го пријавиле случајот како во полиција, така и во Германскиот фудбалски сојуз.
Се работи за мечот од од регионалниот куп на Германија, Лудвигсфелдер кој инаку Котбус го добил со резултат 2:0.