Македонскиот национален тим игра добро, има иницијатива и ја држи топката во дуелот со Исланд на гостински терен. Имаше четири шанси Македонија, од кои една беше реализирана.
Најпрво Муслиу се обиде, но беше изблокиран во последен миг, а од тој корнер Македонија поведе. Алиоски нафрли на првиот дирек, Велковски со глава и топката е во мрежата на Исланд.
Алиоски во 27. минута се обиде со добар удар, но Рунарсон одбрани, а голманот на Исланд ја одбрани и шансата на Костадинов кој шутираше право во него. Во последен миг беше изблокиран и Барди во последната минута од полувремето и Исланд се спаси од поголема негатива.
Исланд освен еден корнер, немаше ниту една прилика, односно голот не го видоа домашните, па Димитриевски остана без работа.