Сане се сели во Лондон, Челзи за возврат нуди тројца, “баварците“ треба да одберат!

564

И дефинитивно Лерој Сане не ги оправда очекувањата во Баерн Минхен. Офанзивецот е далеку од својата форма кога го носеше дресот на Манчестер Сити. Сепак има заинтересирани за репрезентативецот на Германија, и тоа ни малку ни повеќе туку од Лондон, од Челзи, од европскиот шампион.

Томас Тухел го посакува Сане уште во јануарскиот преоден рок. За возврат тој нуди тројца од кои Баерн Минхен треба да одбере еден, се разбира дека “сините“ треба нешто и да доплатат.

Баерн Минхен само треба да одбере. Пред се тоа се Хадсон – Одои, потоа Зијех и Пулишиќ. Да кажеме и тоа дека Баерн Минхен плати 60 милиони евра плус бонуси за трансферот на Сане од Манчестер Сити.

ПретходноИталијанците станаа светски рекордери по број на натпревари без пораз
СледноШпнаското чудо од дете влезе во историјата на УС Опен