Вечерва покрај многуте натпревари во Европа, па и во светот, во квалификациите за СП во Катар 2022, се игра и оној меѓу Сан Марино и Полска. Не треба да се трошат зборови за тоа кој е фаворит, и кој би требало да победи.
Тоа го знае и Франко Варела, селекторот на Сан Марино, кој на прашањето на новинарите, кој ќе го чува Роберт Левандовски даде интересен одговор.
“Кој ќе го чува Левандовски? Па, никој! Зарем може да се чува некој како Левандовски. И зошто би играле “фластер“ на него. Ако тоа би го правеле тогаш ќе мора тоа да го прави цела наша екипа, и кој ќе игра тогаш“ одговори првиот човек на селекцијата на Сан Марино.