Стручен коментар – Горазд Михаилов: По киксот на Столе работите тргнаа наопаку!

3861

Само за читателите на Спортмедиа, напиот познат стратег Горазд Михаилов од стручен агол ја коментира средбата меѓу Исланд и Македонија, која на крајот заврши 2:2. И има причина за тоа, па токму сегашниот стратег на Силекс во минатото шест години беше тренер на Исланд.

Штета. Од готово вересија. Се беше добро до таа 78.минута кога Столе со својата интевервенција им дозволи на домашните да постигнат гол. После тој гол Исланд фрли се на една карта,на крајот им се исплатеше. Можеби се ќе беше поинаку ако онаа ситуација после тој гол, Трајковски беше попрецизен. Сепак генерално одлични 70 минути во кои контролиравме максимално. Се беше на ниво, одлично бевме во одбраната, во средниот ред и нападот“ вели Михаилов.

Според него добро сме ја анализирале играта на Исланѓаните…

Мислам дека одлилчно го „затворивме“ домаќинот. Добро беше анализирана играта на Исланд, меѓутоа ете таа несмасна интервенција на Столе им дозволи на противникот да добие крила. Штета, ние загубивме два големи бода, бода кои ќе не оставеа во игра за првите две места во групата. Во детали можам да кажам дека бевме стрпливи, форсиравме висок пресинг. Од друга страна бев изненаден од индолентноста на Исланд во тие 70 минути. Но, ете, го искористија нашето невнимание и дојдоа до бод. Ние може само да жалиме зошто против нас имавме млада репрезентација која допрва се формира“.

Жаргонски кажано според Михаилов во 75.минута требаше да го “затвориме“.

Да, апсолутно тоа требаше да го направиме. Требаше средниот ред да го затвориме, да не напаѓаме, се виде дека со неколку измени Исланд доби свежина. Можеби требаше нашите измени да бидат порано направени, за да одговориме адекватно. Ова треба да биде поука, дека фудбалот се игра 90 и повеќе минути и дека никогаш не треба да мислиме дека се е готово, без разлика на резултатот. Сега е многу тешко психолошки да се вратиме по овие две ремија, во мечеви во кои влеговме со големи очекувања. По се ова ни останува да се сконцентрираме на следниот противник, на Романија“ заврши Михаилов.

ПретходноВеспрем по пенал-драма ја одбрани титулата во СЕХА
СледноУС Опен: Роџерс ја исфрли светската тенисерка број 1, Зверев пројде откако противникот се повреди