Фантастични бројки доаѓаат од Англија, поточно од Манчестер Јунајтед. Имено од клубот денеска излегоа со информација дека за само 12 часови од продажбата на дресовите на Роналдо, инкасирале вкупно 33 милиони фунти. Се разбира дека најголем дел од овие пари одат во касата на Адидас, брендот кој во последно време го “облекува“ Јунајтед.
Се разбира дека “седумката“ на Роналдо во Адидас опрема изгледа фантастично.
Зарем овој германски бренд некогаш погрешил со изборот на дизајнот и дресовите за големите клубови