Данил Шишкарев беше еден од од оние ракометари со кои Веспрем се раздели по минатогодишната неуспешна сезона. Екс-вардраецот, долго време бараше нов клуб, истиот го најде во својата родна земја. После седум години Шишкарев се враќа во рускиот шампионат, тој потпиша едногодишен договор со Шеховски Медведи.
„Во заеднички договор ја раскинавме соработката со Веспрем. Ја прифатив понудата од Чеховски Медведи бидејќи добро ја познавам екипата, за мене најважно е дека игра во Европската лига“, изјави Шишкарев.