Екс-фудбалер на Интер и Парма премина во Караѓумрук

598

Турскиот суперлигаш Фатих Караѓумрук има големи планови за иднина со тоа што веќе ангажираше многу проверени и искусни фудбалери во своите редови. Пред неколку денови го донесоа Емре Мор, пред него Џими Дурмаз, Мехди Бенатија, Александар Пешиќ, Ахмед Муса, Џанер Еркин… а од денеска ново име е Јан Карамоа.

Овој фудбалер кој игра во нападот е роден во Абиџан, главниот град на БС Коска, меѓутоа израснал во Франција и има настапи за младинската француска репрезентација. Почна во Каен, а во 2017 година направи трансфер во Интер. Сепак малку играше за „нероаѕурите“ (само 18 натпревари во сите конкуренции), па беше позајмен во Бордо, потоа во Парма. Откако „млекарите“ испаднаа во Серија Б тој реши да си замине, а новиот клуб е Караѓумрук од Истанбул.

ПретходноНаjтрофејната африканска репрезентација го отпушти селекторот
СледноИнтер следното лето ќе го добие Толисо како слободен фудбалер