Исландските медиуми по ремито со Македонија, ја фалат селекцијата на Исланд за карактерот покажан во финишот, но напоменуваат дека играта во 70 минути е пример како не треба да се настапува за исландскиот национален тим.
Низ нив денеска може да се прочита дека овој бод е важен, затоа што ги остава на некој начин Исланѓаните во игра за некаков успех, а доколку загубеле, тогаш тоа ќе било крај на квалификациите.
„Бевме мртви, но ова не врати во живот! Покрај проблемите во федерацијата, овој бод е добродојден. Никој не очекуваше после 0:2 со онаа игра да стигнеме до бод, особено што игравме против селекција која играше на Европско првенство. Но, карактерот и упорноста на крајот донесоа бод“.
Бјорнасон, стрелецот на првиот гол за Исланд, кажува дека оваа селекција има иднина, и дека ќе треба трпение и време за да се „наместат коцките“ и повторно Исланд да се најде на едно големо натпреварување.