Селекторот на романската фудбалска репрезентација, Мирел Радои се соочува со играчки проблеми пред гостувањето в среда во Скопје и мечот со нашата репрезентација во квалификациите за СП 2022. Според романските весници, последен во листата на недостапни за Радои е голманот Маријан Ајоани.
21-годишниот голман се здобил со повреда и нема да биде дел од тимот што ќе патува за Скопје. Тоа значи дека Романците во Скопје доаѓаат со двајца голмани, Флорин Ниш и Андреј Влад.
За натпреварот во Скопје, Радои нема да смета и на Алибец, Танасе и Драгуш (повредени) и Ротариу (КОВИД-19).