Играчот за врска на Ливерпул и на репрезентацијата на Гвинеја, Наби Кеита, резервирал приватен авион со 13 седишта за да ја напушти земјата поради државниот удар, објави на Твитер новинарот Тиерно Амаду Макаји.
Кеита сака со себе од Гвинеа да земе и неколку свои соиграчи од репрезентацијата. Авионот чека дозвола да слета во главниот град на Гвинеја, Конакри, за да ги земе играчите и да полета од земјата.
Ливерпул претходно даде изјава во врска со ситуацијата со играчот од средниот ред, кој се уште не може да се врати од Гвинеја поради неодамнешниот државен удар. Кеита беше повикан во репрезентацијата на Гвинеја за квалификациите за СП 2022 година. Претходно беше објавено дека вооружената група го зела претседателот на Гвинеја како заложник, го суспендирала Уставот и ги блокирала сите можности за влез и излез во земјата за една недела. Натпреварот Гвинеја – Мароко, кој требаше да се одигра денеска е одложен.
🇬🇳 Naby Keita has booked a private jet to travel with teammates at his own expense.
Guinea was subject to a coup d’état on Sunday.
The players are being kept in a secure “POW” location near the airport, with enough provisions ’til they depart Conakry. pic.twitter.com/b8e1mGaqdt
— African Insider (@African_Insider) September 6, 2021