Наjтрофејната африканска репрезентација го отпушти селекторот

280

Хосам ал-Бадри доби отказ од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Египет после ремито со Габон во квалификациите за СП 2022. ФФ на Египет соопшти дека на вонредниот состанок е одлучено Ал-Бадри и неговите помошници да бидат тргнати од позицијата.

Ал-Барди во неделата зборуваше дека нема да си поднесе оставка правдајќи се дека за време на неговиот мандат „Фараоните“ се пласираа на следниот Африкански куп на нациите кој ќе се одржи во Камерун. Меѓутоа денеска од Федерацијата одлучија поинаку и ветија брзо наоѓање на нов тренер на националниот тим. И ним им сметаше ремито 1:1 со Габон обезбедено со гол во последните минути од мечот, како и „тенката“ победа над Ангола 1:0 минатата недела. Тие два резултати беа причина за огромно незадоволство и критики за националниот тим на социјалните мрежи.

Ал-Бадри беше назначен за селектор на Египет во септември 2019 година. И покрај ремито со Габон, Египет е лидер во квалификациската група со четири поени пред втората Либија.

Египет е најтрофејната африканска репрезентација со 10 титули африкански шампион. Последната ја освои во 2010 година.

ПретходноТинејџерка ги „руши“ фаворитките и стигна до 1/4 финалето без загубен сет!
СледноЕкс-фудбалер на Интер и Парма премина во Караѓумрук