Младата тенисерка Ема Радукану се пласира во четвртфиналето на УС Опен откако вечерва приреди уште една сензација со тоа што ја елиминира Шелби Роџерс во два сета (Роџерс вчера ја елиминира светската тенисерка број 1 Ешли Барти). Британката која има само 18 години вечерва славеше со 6:2 и 6:1 и стигна до најголемиот успех во кариерата. Таа е дури на 150-тото место на ВТА лигата, а дебитантка на УС Опен и што е најинтересно до најдобрите осум стигна без да загуби сет.
Во четвртфиналето и стои уште една фаворитка, олимписката шампионка Белинда Бенчиќ која вечерва ја елиминира Ига Швјотнек.