Најдобриот германски тенисер Александар Зверев успеа да го совлада Италијанецот Џон Зинер со 3:0 во сетови и со тоа ја впиша 15-тата победа по ред. Зверев кој освои злато на ОИ во Токио и Мастерсот во Синсинати, стигна до четвртфиналето на УС Опен по триумфот над Зинер (6:4, 6:4 и 7:6).
Во следното коло Зверев ќе игра против подобриот од Рајли Опелка и Лојд Херис. Доколку помина потенцијален противник во полуфиналето му е Новак Ѓоковиќ, се разбира доколку не се случи изненадување па Србинот да испадне порано.
Во женскиот дел Белинда Бенчиќ се пласира во четвртфиналето по триумфот над Ига Свјонтек. Првиот сет беше драматичен, се играше тај-брејк, а Швајцарката го доби со 14:12. Во вториот и беше многу полесно – триумф од 6:3. Во четвртфиналето влегоа уште Сабаленка и Крејчикова. Вечерва се играат уште два меча во женска конкуренција Роџерс-Радучану и Плишкова-Пављученкова.