Еден убав момент по епскиот скандал во Сао Паоло

725

Само пет минути се играше фудбал на арената Коринтијанс. Најавениот спектакл помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат само што започна.

Од овој меч видовме неверојатни сцени во модерниот фудбал. Инспекторите и здравствената комисија влегоа на терен за да ги уапсат аргентинските играчи кои го прекршија бразилскиот „Ковид“ протокол.

Два часа пред натпреварот, беше објавено дека четворицата Аргентинци не можат да играат бидејќи го прекршиле Ковид протоколот и им било наредено да го напуштат Бразил што е можно поскоро.

Станува збор за Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијано Ромеро и Емилијано Буендија кои не пријавиле дека биле во Англија во претходните 14 дена, поради што морале да одат во задолжителна изолација.

Мартинез, Ло Селсо и Ромеро се најдоа во стартниот состав. Мечот започна, траеше помалку од пет минути. Аргентинците отидоа во соблекувалната, а Бразилците останаа на теренот.

Беше потребно време за да се донесе одлука, дури и Меси се врати од соблекувалната, но беше јасно дека мечот нема да продолжи, за што стигна и официјална потврда.

И додека Аргентинците се пакуваа да го напуштат Бразил, а потоа домаќинот направи тренинг меч меѓу себе, Лео Паредес и Нејмар се погрижија за една убава сцена.

Передес се врати да го размени дресот со својот соиграч од ПСЖ.

ПретходноНБА ѕвездата се враќа од пензија по паузата поради проблеми со срцева аритмија
СледноХрватите Томашевиќ и Марковиќ ја засилуваат Шкендија!