Екс-вардарецот после седум години се врати во Русија

232

Данил Шишкарев беше еден од од оние ракометари со кои Веспрем се раздели по минатогодишната неуспешна сезона. Екс-вардраецот, долго време бараше нов клуб, истиот го најде во својата родна земја. После седум години Шишкарев се враќа во рускиот шампионат, тој потпиша едногодишен договор со Шеховски Медведи.

„Во заеднички договор ја раскинавме соработката со Веспрем. Ја прифатив понудата од Чеховски Медведи бидејќи добро ја познавам екипата, за мене најважно е дека игра во Европската лига“, изјави Шишкарев.

ПретходноЛевандовски го прескокна Клосе, Роналдо останува недостижен
СледноРоналдо и забранил на својата мајка да го гледа на натпревари