Во среда играме со Романија во меч од 6.коло во квалификаците за СП во Катар 2022. Додека ние одигравме нерешено на Исланд, селекцијата на Романија дома го победи Лихтенштајн со 2:0. Сепак избраниците на селекторот Мирел Радои не одиграа така квалитетно, како што посакуваат и очекуваат фановите во таа земја.
Па така по мечот на Националната Арена во Букурешт, пред излезот од соблекувалните имаше десетина навивачи кои со свирежи и погрдни зборови им се обратија на момците на Радои.
Имаше повици како -“Засрамете се“…
Николае Станчиу собра храброст и отиде пред нив со цел да разговара. Вистинската причина за ова незадоволство на фановите била таа што репрезентативците одбиле да се фотографираат со навивачите.
ФОТО: Digisport.ro