Наби Кеита најмил авион, но не може да ја напушти Гвинеја поради државниот удар

375

Играчот за врска на Ливерпул и на репрезентацијата на Гвинеја, Наби Кеита, резервирал приватен авион со 13 седишта за да ја напушти земјата поради државниот удар, објави на Твитер новинарот Тиерно Амаду Макаји.

Кеита сака со себе од Гвинеа да земе и неколку свои соиграчи од репрезентацијата. Авионот чека дозвола да слета во главниот град на Гвинеја, Конакри, за да ги земе играчите и да полета од земјата.

Ливерпул претходно даде изјава во врска со ситуацијата со играчот од средниот ред, кој се уште не може да се врати од Гвинеја поради неодамнешниот државен удар. Кеита беше повикан во репрезентацијата на Гвинеја за квалификациите за СП 2022 година. Претходно беше објавено дека вооружената група го зела претседателот на Гвинеја како заложник, го суспендирала Уставот и ги блокирала сите можности за влез и излез во земјата за една недела. Натпреварот Гвинеја – Мароко, кој требаше да се одигра денеска е одложен.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Шкупи го престави Брдаровски
СледноБарса може да остане без евро од евентуалниот трансфер на Гризман во Атлетико (М)