Опериран „Кралот на фудбалот“

359

ФОТО: Twitter

Легендата на светскиот фудбал Пеле соопшти дека во саботата бил на операција за отстранување на тумор на дебелото црево.

Во саботата ми беше извршена операција за отстранување на тумор на дебелото црево. Тој беше откриен за време на рутинските тестови минатата недела. За среќа, можам да уживам во големи победи со вас“, напиша Бразилецот на социјалните мрежи.

Неговиот деловен менаџер Џо Фрага потврди дека нема причина за загриженост за здравјето на Пеле. Легендарниот напаѓач има 80 години и е единствениот играч кој три пати го освојувал Светското првенство.

ПретходноПрволигашко засилување: Пајазит Салиу потпиша за Воска Спорт!
СледноВан де Бек: Не можам да се докажам ако играм еднаш месечно