ОФИЦИЈАЛНО: Шкупи го престави Брдаровски

1257

Чаирскиот прволигаш Шкупи, попладнево и официјално го престави новото засилување, Владица Брдаровски. Денеска Брдаровски официјално потпиша едногодишен договор со Шкупи со што чаирскиот состав добива искусно засилување по десната страна.

Брдаровски доаѓа во Шкупи од редовите на косовскиот тим ФК Дрита, каде минатата сезона, забележа 22 настапи. Тој на 22 години дебитираше со дресот на репрезентатацијата на Македонија.

„По една година се враќам во првата фудбалска лига и морам да кажам дека сум многу среќен. По многу разговори, успеавме да потпишеме едногодишен договор, бидејќи моите и амбициите на клубот се големи и заедно ќе се бориме за титулата и други успеси“, вели Брдаровски на промоцијата.

ПретходноТотенхем ќе ги казни играчите кои заминаа да играат за репрезентациите
СледноНаби Кеита најмил авион, но не може да ја напушти Гвинеја поради државниот удар