И тоа го има на Балканот, на овие простори. Новиот скандал во БиХ го “открива“ ТВ Н1 која дошла до преписката меѓу менаџер и друго лице во кое првиот се фали дека дал пари за да неговиот клиент игра во репрезентацијата.
Навистина фрапантно.
„Мојот мора да биде повикан и мора да брани на мечот со Костарика на 27.03.2021. Јас за тоа дадов капар“ пишува во преписката.
Интересно е тоа што тој голман навистина на тој натпревар настапил за селекцијата на БиХ против Костарика.
Инаку неодамна Асмир Беговиќ, легендарниот голман на БиХ, на социјалните мрежи сите во репрезентацијата и во раководството на Фудбалскиот сојуз на БиХ ги нарече криминалци.
На овие пишувања на Беговиќ, селекторот Петев, инаку Бугарин, не сакаше да говори.