Со Романија ни суди славниот Лахоз!

166

Шпанецот Антонио Матеу Лахоз, еден од најдобрите судии во светот, ќе ја дели правдата на претстојниот меч во среда меѓу Македонија и Романија. Меч од 6.коло во квалификациската група Ј за СП во Катар 2022.

Шпанецот важи за судија од највисока класа, инаку тој судеше неколку натпревари на последното ЕУРО 2020, а редовно суди и во Лигата на Шампионите во последно време.

Него ќе му помагаат неговите сонародници Девис и Паломар, а во ВАР собата ќе бидат Мунуера и Барберо, исто од Шпанија.

ПретходноВечерва на полноќ завршува преодниот рок во мак – фубалот!
СледноНејмар од ПСЖ добива 6,5 милиони евра годишно ако не доцни на тренинзите!