УЕФА попушти: Се укинува забраната за гостински навивачи во Лигата на шампионите

295

УЕФА ќе отвори сектори за гостински навивачи на клупските натпревари под капата на УЕФА од следната недела. На навивачите ќе им биде дозволено да патуваат на натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, во согласност со националните ограничувања и протоколите за патување.

УЕФА ја донесе одлуката под притисок на навивачите кои бараа да се намалат ограничувањата и да им се дозволи да присуствуваат на натпреварите на гости кај своите тимови во европските натпреварувања. Според изворот, забраната за гостински сектори ќе биде укината од следната недела.

ПретходноКуманово убедлив на контролата со МЗТ Скопје 2
СледноФранцузите нас не прегазија, но не ги победија Фарските Острови!