Очите на целата спортска јавност во Јужна Америка па и пошироко вчера беа вперени кон Бразил, каде што домашната селекција на „Коринтијанс Арена“ беше прекинат неколку минути, откако на теренот влегоа лекарски власти да ги бркаат од теренот фудбалерите кои требало да бидат во карантин.
За овој случај се огласи и светската фудбалска федерација ФИФА.
„Во овој момент можемо да потврдиме дека судиите го прекинаа мечот Бразил – Аргентина. Ги собираме сите официјални ставови, за да дознаеме што се случило, па после тоа ќе излеземе со официјален став“, се вели во официјалното соопштение на ФИФА.
Проблемот е избил кога фудбалерите Мартинез, Ло Селсо и Ромеро се дојдени од Англија, и требало да бидат во карантин. Но, тие без проблеми ја минале границата, а непознато е зошто е проблем да играат.
Некои информации говорат дека наводно четворицата пласирале лажни информации дека не биле во Англија во последните 14 дена, со што биле откриени, но ова не е официјално потврдено.
Од јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ, тврдат дека заедно со сите федерации во регионот, Бразилците потпишале спогодба, која прави исклучоци за фудбалерите во вакви случаи.