Големо изненадување во квалификациите за ЕП У21 се случи во Тофтир на Фарските острови. Домашната фудбалска репрезентација до 21 година одигра 1:1 против моќната Франција и така стигна до првото реми во групата но и до четвртиот бод во групата Х каде што е и Македонија.
Гуири ја донесе Франција во водство во 8. минута, а изедначи Стефан Локин во 55. минута.
Да потсетиме Македонија во 1. коло на гостувањето во Франција загуби со 3:0 во меч во кој домашните беа доминантни во секој поглед.
И Французите со овој бод имаат четири меѓутоа по две одиграни кола.
Македонија утре ќе игра со Србија во 2. коло.
ГОЛОТ НА ФРАНЦУЗИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ