По заминувањето на Антонио Павич, Шкендија остана без класичен лев бек, па затоа ќе мора да купува нов играч на таа позиција. Како што дознаваме,на барање на тренерот Бруно Акраповиќ раководството на клубот преговара со двајца фудбалери. Првиот е Јосип Томашевиќ (27) од Хрватска. Кој може да игра и во средниот ред, а во својата кариера има настапувано за младинската школа на Хајдук, РНК Сплит, Цибалија,Локо Пловдив, последен клуб му бил грчкиот Атромитос.
Се преговара и со Стипо Марковиќ (27), Хрват од БиХ, кој долго време играше за Широки Брег, а до неодамна беше член на Локомотива Загреб.
И двајцата се слободни играчи. Да кажеме дека денеска завршува преодниот рок во мак – фудбалот.