19-годишната Канаѓанка стана експерт за шампионки на УС Опен

364

Откако ја елиминираше Ноами Осака во 3. коло на УС Опен, Лејла Фернандес совлада уште една некогашна шампионка. На листата на Канаѓанката која наполни 19 години се најде трикратната освојувачка на пехари, Анжелик Кербер, ка совлада со 2-1 по сетови (4-6, 7-6, 6-2).

“Таа е ужасно силна и има одличен форхенд. Не се плаши и може да се види дека ужива во тенисот. Ако може да игра вака преку целата година и на претстојните турнири, тогаш има светла иднина. Јас мислам дека може да оди многу далеку и дека ова е почеток на една голема кариера “, рече Кербер по поразот.

Фернандес во 1/4 финалето ќе се сретне со петтата носителка Елина Свитолина.

“Сонував дека еден ден ќе играм пред полни трибини на најголемите сцени. Работев многу од првиот ден кога започнав да играм тенис и единствена цел ми беше да станам професионалец. Уживам на теренот”, рече Фернандес.

ПретходноХрватите Томашевиќ и Марковиќ ја засилуваат Шкендија!
СледноПроблем за Милевски, двајца фудбалери неизвесни за Романија