Халфот на Манчестер Јунајтед Дони Ван де Бек не е задоволен од статусот на резерва, но се чувствува радосен од тоа што менаџерот Оле Гунар Солскјер му кажал дека смета на него во новата сезона. Тоа била и причината што Јунајтед ја одбил понудата на Евертон за поранешниот фудбалер на Ајакс.
„Зборувавме со менаџерот. Тој сакаше да останам, всушност сите во клубот сакаа да останам. Солскјер ми рече дека има потреба од мене и сака да бидам дел од тимот и оваа сезона. Меѓутоа не ми е лесно, затоа што од почетокот на сезоната немам ниту една минута на теренот. Тренерот ми објасни дека за време на тренинзите го забележува мојот напредок. Јас мислам дека сум во одлична форма и сакам да им покажам на сите дека навистина сум се подобрил. Се надевам дека има план за мене.
Може да тренираш и 100% секој ден, но на крајот на краиштата треба да играш за да покажеш што можеш. Ако се појавуваш на терен еднаш месечно, нема како да блеснеш“, раскажа Ван де Бек во подкастот на Рио Фердинанд.