Вечерва на полноќ и официјално завршува летниот преоден рок во мак – фудбалот. Преоден рок кој иако траеше речиси три месеци, сепак нема да го паметиме по којзнае какви трансфери. Речиси да немаше ниту една “бомба“, ако не се смета онаа преселба на Марјан Радески од Академија Пандев во Шкупи.
Покрај него клубот од Чаир ангажира уште неколку звучни имиња, па затоа со право е фаворит број 1 во трката за титулата. Посебно сега кога Шкендија остана без своите клучни играчи Бесарт Ибраими и Арменд Алими.
Сепак останува да видиме до полноќ дали актуелниот шампион ќе купи екстра квалитет со што ќе ја изненади јавноста.