Валтери Ботас по завршувањето на сезоната ќе заврши и со своето во Мерцедес. Денеска и официјално Алфа Ромео објави дека Финецот во новата 2022 сезона во Формула 1 ќе вози за нив. Тоа значи дека Ботас ќе дојде на местото на својот сонародник Кими Раиконен, кој најави дека по завршувањето на тековната сезона, и официјално ќе ја заврши својата кариера во Формула 1.
На местото на Ботас, во Мерцедес ќе дојде Џорџ Расел од Вилијамс.