Поранешниот фудбалер Жан Пјер Адамс, почина денеска во 73 година од животот, после 39 години минати во кома.
Адамс во март 1982 година падна во кома после грешка на анестезиолозите во текот на операција на коленото.
Во тој момент во Франција имало штрајк на лекарите, а анестезиологот имал осум операции за еден ден, и направил грешка кај Адамс, кој никогаш не се разбуди од кома.
Адамс е роден во Сенегал. Играше за Ница, Ним и ПСЖ, а за селекцијата на Франција одигра 22 меча во периодот од 1972 до 1976 година.