Од вечерва Воска Спорт има уште едно ново име. Охридскиот клуб се засили со Пајазит Салиу, досегашен фудбалер на Струга Трим Лум. Салиу е големо засилување во нападот на Воска Спорт со оглед на тоа дека може да игра на повеќе места во офанзивата. Овој трансфер е уште еден доказ дека раководството на Воска Спорт не се шегува и дека посакува битка за највисок пласман во ВМФЛ – ЗАПАД сезона. Да потсетиме дека по две кола Воска Спорт е лидер на табелата, а веќе во сабота следува дербито со Вардар кое ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
На крај да кажеме дека Салиу има 28 години, а покрај Струга Трим Лум, тој бил член и на Работнички, Младост Царев Двор, Тетекс…