Проблем за Милевски, двајца фудбалери неизвесни за Романија

2702

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја сочува предноста од два гола против Исланд на гостински терен, на крајот мораше да се задоволи со реми (2-2) во мечот од квалифиикациите за СП во Катар.

Патот кон Мундијалот веќе станува тежок, а се чини ќе биде уште потежок. Пред мечот со Романија, селекторот, Благоја Милевски се соочува со големи проблеми. Поради повреди неизвесни се Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Елмас на мечот со Исланд уште во 30. минути добил удар во зглобот, па се чека да се направат детални прегледи.

Македонските репрезентативци во Скопје се враќаат во 17 часот, со оглед на долгиот лет, денеска нема да одржат тренинг.

Дуелот со Романија е закажан за среда на Националната арена „Тодор Проески“.

Претходно19-годишната Канаѓанка стана експерт за шампионки на УС Опен
СледноГудјонсен против Македонија го доби третиот стрелец во дресот на Исланд