Тотенхем ќе ги казни играчите кои заминаа да играат за репрезентациите

400

По враќањето од репрезентацијата, Тотенхем ќе ги казни Аргентинците Џовани Ло Селсо и Кристијано Ромеро, како и Колумбиецот Давинсон Санчез.

Претходно беше објавено дека клубовите од англиската Премиер лига одлучија да не ги пуштаат играчите на септемвриските натпревари на репрезентациите што ќе се одржат во земјите кои се на „црвената листа“ на британската влада. Таа листа ги вклучува сите земји од Јужна Америка.

И покрај тоа, играчите на Тотенхем одлучија да играат за своите репрезентации. Ло Селсо , Ромеро и Санчез планираа да ги прескокнат само последните квалификациски натпревари за СП 2022 и да се вратат во Велика Британија преку Хрватска со цел да избегнат карантин и веднаш да се вратат на тренинзи.

Бразилските власти во неделата го прекинаа дуелот меѓу домашната селекција и Аргентина со намера да ги депортираат играчите на гостинскиот тим, Емилијан Мартинез, Емилијан Буенди, Кристијано Ромеро и Џовани Ло Селсо, бидејќи ги прекршиле протоколите при влез во земјата.

ПретходноФранк Рибери е нов фудбалер на Салернитана!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Шкупи го престави Брдаровски