Фудбалскиот клуб Вардар го обелодени новиот спортски директор. Александар Бајевски, некогашниот играч на „црвено-црните“ од денеска ќе ја извршува таа функција.
„Особена чест и задоволство ни е да го најавиме враќањето во нашиот клуб на Вардаровата легенда Александар Бајевски, овојпат во улога на спортски директор. Со заеднички сили кон остварување на зацртаните цели, враќање на Вардар на местото каде што припаѓа“, објави клубот.
Бајевски е дете на Вардар, и играше за овој тим во младинските категории, и беше дел од овој тим до 2002 година. Потоа по интернационалната кариера повторно се врати во „црвено-црните“ во 2008/2009.