ПСЖ во новата сезона е еден од главните фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампионите откако во своите редови го донесе Лионел Меси, како и уште неколку играчи, а ги задржа Нејмар и Килијан Мбапе.
Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо смета дека составот на ПСЖ не е гаранција дека може да се покори Европа.
„Многу е рано да се зборува кој ќе биде првак на Европа. Овие работи најдобро се гледаат во четвртфиналето. ПСЖ има најдобра стартна позиција, но тоа е друга работа, на теренот е поинаку.
Бев во Реал пет сезони имавме тим од ѕвезди, но никогаш не ја освоивме Лигата на шампиони. Фудбалот не е математика, не значи дека најдобрите ќе го освојат трофејот“, рече Роналдо.