Екипата на Македонија ЃП денеска и официјално ги претстави новите играчи, Марио Младеновски и Марио Крстовски.
Едниот младински репрезентативец, другиот екс младински репрезентативец но и обајцата повратници од странство.
Младеновски од Бугарија, додека пак Крстовски летово замина во Зрињски Мостар, но повторно се врати во домашниот шампионат.
И обајцата ја зголемуваат и онака силната конкуренција во тимот на Македонија ЃП, која очигледно дека планира сезонава да игра сериозна улога во домашниот шампионат.