Ван Гал кон новинар: Немаш поим од фудбал, со 5-3-2 можеш многу добро да нападнеш

464

Повратникот на селекторското место во репрезентацијата на Холандија, искусниот Луис ван Гал одговарајќи на новинарски прашања, нападна еден од новинарите на прес-конференцијата пред мечот со Турција, откако доби прашање дали има намера да го користи дефанзивниот стил на Челзи во националниот тим.

„Немате поим од фудбал. Вие сте новинар кој сака да ја сподели својата визија, но ја немате. Со формација 5-3-2, можете да напаѓате многу добро, само треба да знаете. Му симнувам капа на Тухел за она што го направи од Челзи, кој најмалку од се е дефанзивно ориентиран“, му одговорил Ван Гал.

ПретходноЃорѓиев е четвртти најдобар поентер на Европското првенство
СледноРоманците имаат само еден „шпиц“ за мечот со Македонија во Скопје