Да ја заборавиме Франција,време е за победа против Србија

166

Македонската репрезентација до 21. година денеска од 16:00 часот на стадионот Билјанини Извори во Охрид ќе го одигра вториот натпревар од тековните квалификации против репрезентацијата на Србија.

Навидум тежок ривал, но ние мораме да ја подигнеме нашата форма и игра пред се поради стартниот пораз од Франција и она што се случуваше во Ле Ман. Да го заборавиме тој пораз од 3:0, односно да ги извлечеме поуките, да ги поправиме грешките и да се усмериме кон она што не очекува денеска.

„Секако дека посакуваме добра игра и добар резултат. Она што се случуваше против Франција не е нашето право лице, и денеска против Србија ќе видите една сосема нова Македонија. Посакуваме добар резултат, бодови, а зошто да не и полн плен. Знаеме против кого играме, но ние имаме мотив и пред се капацитет да се исправиме пред предизвикот“ – велат нашите репрезентативци.

Србија од друга страна во овој меч влегува исто така раздрмана затоа што во првото коло беше поразена на домашен терен од Украина со 0:1.

И противникот доаѓа по поправен што се вели, но ние сме тука да ги сречиме во тоа. Да, немаме добар скор против овој ривал во изминатите квалификациски циклуси, но ова е сосема нова генерација подготвена за предизвик и желба за успех.

 

ПретходноМилевски: Не се плашиме од никого, ова ќе биде сосема поинаков меч со Романија
СледноКристијан Кајчевски ќе ја темпира формата на МЗТ Скопје